И ВМРО-ДПМНЕ го ангажирала адвокатот за кој обвини дека му е кум на Рашковски

by fokus

Адвокатската канцеларија од која е дел адвокатот Дејан Костиќ побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ поради негативната кампања и штетата која е нанесена на угледот на канцеларијата. Тие негираа дека некој од адвокатите има роднинската врска со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Канцеларијата побара да не се партизира канцеларијата со оглед дека услугите кои ги даваат не ги нивелираат според политичката припадност на странките.

Во нивното соопштение велат дека поради квалитетот биле ангажирани да бидат и адвокати на поранешниот директор на АД ЕЛЕМ и сегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на поранешниот директор на АД МЕПСО Ненад Јовановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и поранешниот директор на АД СЛАВИЈА Даница Јованова кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости