Почина Трипун Карапетров, еден од првите македонски дипломати

by fokus

На 83 години почина Трипун Карапетров, долгогодишен дипломат во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во СФРЈ и Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во дипломатските мисии во Варшава (Полска) и Москва (СССР / Руска Федерација), каде што во 1991 година ги воспостави дипломатските односи со отварање на амбасада на Република Македонија во Руската Федерација.

-Во професијата и животот Карапетров беше човек со интегритет, визија, принципи и континуирано залагање и придонес во продлабочувањето на политичките и економските односи помеѓу Република Македонија и државите од поранешниот СССР. Погребот ќе се одржи во четврток утре во 11:00 на градските гробишта во Нерези, велат од неговото семејство.

Поврзани новости