Почина таткото на Калиопи

by Fokus

По пејачката Калиопи Буклеска (55) се прости од својот татко на социјалните мрежи со емотивна објава.

-Тато мој… Моја сила, светлост, сјај… Замина и со себе однесе дел од малечката Опи… Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш- напиша пејачката.

Таа не криеше дека е многу блиска со татко и, а пред две години објави видео во кое појаснува дека времето во карантин поради пандемијата често го минува со родителите, и дека во изминатиот период го бричела татко и. -Како мала многу сакав да го гледам како се бричи, сега јас го бричам – појаснуваше таа.

Во постари интервјуа раскажуваше дека родителите, сестра и и брат и и се голема поддршка и сака да минува време со фамилијата.

В.К.

Поврзани новости