Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.
Тажната вест ја објави „Рома Прес“, од каде што со емотивна порака се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница.
Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата политичка кариера извршуваше повеќе значајни функции, меѓу кои пратеник во македонското Собрание, министер без ресор во Владата, како и директорска функција.
Тој беше препознатлив по својот политички ангажман и застапувањето на интересите и правата на ромската заедница во Македонија.
Засега не се соопштени дополнителни информации за причината за смртта.