Почина младо момче од Скопје откако паднало работејќи во фабрика

by Fokus

Вчера попладне, момче на 22-годишна возраст починало откако паднало работејќи во производствен погон во фабрика во Куманово.

„На 16.09.2020 во 14.30 часот било пријавено дека во производствен погон во фабрика во Куманово, А.Д.(22) од Скопје, додека извршувал работни задачи, паднал и од здобиените повреди починал на местото. Од страна на лекар била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, велат од МВР.

Поврзани новости