Почина 22-годишно момче од Ковид-19

by fokus 15:01
15:01

Велешкиот градоначалник, Аце Коцевски денеска соопшти дека на Инфективната клиника во Скопје како последица на Ковид 19 починало 22-годишно момче од Свети Николе.

Според неговата информација, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата во Велес, но поради компликации, минатата недела било итно пренесено во Скопје.

- Advertising -

Коцевски апелираше до сите жители на општина Велес да ги почитуваат мерките за заштита затоа што последните десетина дена бројките покажуваат зголемување во тој реон.

Поврзани новости