По вчерашните немири во Бразил, хоспотализиран поранешниот претседател Болсонаро

by Fokus

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро бил примен во болница во Орландо, Флорида, со „стомачни болки“, објави во понеделникот весникот О Глобо.

Ова се случува еден ден откако некои од неговите хардкор поддржувачи упаднаа во претседателската палата, Врховниот суд и зградата на Парламентот во главниот град Бразилија.

Болсонаро беше хоспитализиран повеќе пати во последниве години со стомачни болки, откако беше прободен со нож додека водеше кампања за претседателската функција во 2018 година. Тој отпатува во САД два дена пред Луис Инасио Лула да Силва да ја преземе функцијата претседател.

Поврзани новости