По вчерашната несреќа, автопатот е отворен во еден правец

by Фокус

Автопатот Струма во правец кон Софија е повторно отворен за сообраќај.

Полициските патроли го обезбедуваат местото на тешката автобуска несреќа, објавија бугарските медиуми.

Доцна синоќа автобусот беше отстранет и транспортиран во правец на Перник, а дел од автопатот беше пуштен за сообраќај.

Утрово, автомобилите мирно се движат во правец Дупница-Софија.

Но, во спротивниот правец сообраќајот и понатаму останува затворен.

Поврзани новости