ИЈЗ: Новиот сој Делта плус се уште го нема кај нас

by fokus

Намалување од 8,9 отсто на бројот на новозаразени од Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава.

Од 15 до 21 ноември од Ковид-19 заболеле 2.929 лица, што е за 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември.

Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (23,3%). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,6%).

-Кај сите секвенционирани примероци е докажана Делта варијантата, како и присуство на различни нејзини сублинии. Сублинијата позната како Делта плус не е детектирана кај ниту еден од секвенционираните примероци, велат од Институтот за јавно здравје.

Во изминатата недела пријавени се 91 смртен случај, најмногу од возрасната група над 60 години (89%).

Активни на Ковид-19 се 8.290 лица, хоспитализирани се 495, од кои 330 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Поврзани новости