По тв интервју Изет Меџити го дочекаа пари со неговиот лик во вредност од по 10.000 евра

by irena 23:27
23:27

Пред зградата на Македонската радио-телевизија, по вечерашното тв интервју градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити го дочека необичен призор, објави „4news.mk“.

Пред објектот беа поставени лажни банкноти со неговиот лик, а на нив беше испишана вредност од 10.000 евра.

Нема информација кој стои зад оваа герила-акција и која е пораката што се сака да се испрати до Меџити.

 

Слични вести