Меџити до Димитриевски: Ако ти пречи албанскиот јазик, напушти ја функцијата во Куманово

by irena 23:22
23:22

Еден од лидерите на ВРЕДИ – Изет Меџити, реагираше на ставовите на првиот човек на движењето ЗНАМ – Максим Димитриевски, во врска со можноста правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

Во дебатна емисија на МРТ2, Меџити го обвини Димитриевски дека до неодамна го промовираше граѓанскиот концепт, додека сега, според него, застапува ултранационалистички ставови и се заканува со напуштање на Владата.

„Ако му пречи албанскиот јазик, Куманово е двојазично и треба да ја напушти градоначалничката функција. Ако му пречи албанскиот јазик, таблата пред Владата е на македонски и на албански јазик, па тогаш неговите министри не треба да бидат во Владата. Ако му пречи албанскиот јазик, Собранието е двојазично и неговите пратеници не треба да бидат во Собранието. Затоа, ова го гледам како предизборна активност и политички фолклор од негова страна“, реагираше Меџити.

Нагласи дека можноста за полагање на правосудниот испит на албански јазик произлегува од политички договор, кој, според него, за првпат во историјата на државата отвора простор за полагање на испитот и на албански јазик.

Слични вести