По трагичната несреќа кај Лескарци, МВР поднесе пет пријави за говор на омраза

by Fokus

Министерството за внатрешни работи покренало пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка кај Лескарци, каде животот го загубија 14 лица, а повеќе од 30 се повредени, истакна министерот Оливер Спасовски.

-Лично, чувствувам дека како луѓе не можеме да се издигнеме пред се, дека сакаме да се почитуваме меѓусебно, туку напротив, можеби политичките, верските и националните поделби ги ставаме пред човечкиот живот  што е нешто најсвето. Таков говор на омраза апсолутно ме прави понижен и поразен кога доаѓа дури од универзитетски професор, изјави Спасовски.

Тој соопшти дека се покренати пет постапки за говор на омраза и соодветни пријави до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на детекција на други профили на социјалните мрежи од кои се шират говори на омраза.

Поврзани новости