По речиси две години бегство, крадец од Скопје „падна“ во рацете на полицијата

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, 30-годишен скопјанец, кој од 12.01. 2017-та година се барал за издржување казна затвор, лишен е од слобода од полицијата. Тој веќе одлежал две години за кривично дело „разбојништво“.

„На 09.12.2018 година околу 14,30 часот во Скопје од слобода е лишен Ј.С.(30) од Скопје. Лицето се барало за издржување на казна затвор во времетраење од шест години и шест месеци за сторено кривично дело „разбојништво“ казниво по член 237 од КЗ на РМ. Приведеното лице има одлежано две години од предвидената затворска казна по што од 12.01.2017 година е во бегство. Ј.С. е спроведен во затвор Идризово“, велат од МВР.

Поврзани новости