По повиците за протести, одложена седницата на ДИК

by fokus

Државната изборна комисија ја откажа седницата која што требаше да почне денеска, а на кој треба да се разгледуваат приговорите од политичките партии за изборните резултати.

Известувањето дека седница ќе нема дојде откако група припадници и поддржувачи на ВМРО се собраа пред седиштето на комисијата, а на социјалните мрежи и преку СМС пораки се мобилизираше членството на партијата, под изговор дека ДИК сака да им ја украде победат.

Партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ се собраа и во Битола и Охрид кои застанаа пред штабовите „да ја бранат нивната победа”.

Седницата на која треба да се разгледаат 16 приговори за нерегуларности при гласање и внесување гласови во записници, најверојатно ќе се одржи утре. По 8 приговори поднесоа СДСМ и албанската партија БЕСА.

Поврзани новости