По операцијата на кила побегна еден од осудените за несреќата во Ласкарци

by irena 21:34
21:34

На сајтот на МВР во делот „Потраги“ се појави фотографија на Ремзи Мифтари кој е во бегство.

Осуден е на затворската казна од 10 години, за страшната сообраќајна несреќа кај скопско Ласкарци во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, кога се преврте автобус на „Дурмо турс“. Мифтари беше одговорен за возниот парк на компанијата.

По неколкукратно одложување на одењето во затворот „Идризово“, со образложенија дека е болен, па дека треба да се оперира од кила, па да заздраве од операцијата, Мифтари не дојде на затворската капија во рокот што му бил даден.

На 18 ноември судијата од ОС Гостивар за извршување на санкциите, побара присилно приведување на Мифтари, но полицијата не го најде Мифтари.

Се уште трага по него.

Пресудата му беше изречена уште во мај, како и на Дурмиш Белули кој е газда на „Дурмо турс“, кој исто така е осуден на 10 години затвор и кој исто како и Мифтари, се оперираше од кила.

Слични вести