По мајката на осомничениот за убиството на Данка, се сослушуваат и други сведоци

by Fokus

По Светлана Д, мајката на осомничениот Дејан Драгијевиќ за убиството на девојчето, денеска во обвинителството беа сослушани и други сведоци.

Светлана Д. како најблиска роднина на осомничените, го искористила законското право да не сведочи во обвинителството.

Како што пренесуваат српските медиуми, сослушани се уште двајца сведоци, а за утре во обвинителството е повикан уште еден сведок.

– Што се однесува до сведоците, тоа се пријатели, колеги, познаници, но и семејството на второосомничениот Срѓан Јанковиќ – вели изворот.

Тројца членови на семејството Драгијевиќ беа уапсени за убиство на двегодишно девојче, но помалиот брат на првоосомничениот Дејан, Далибор почина во притвор од срцев удар неполни 48 часа по апсењето.

Според признанието на Драгијевиќ дадено во обвинителството, девојчето го удриле со службено возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде два дена подоцна Дејан заедно со неговиот татко (73) и сега починат брат (40), ја преместиле на друга, засега непозната локација.

Поврзани новости