По двајца работници месечно го губат животот на работното место

by fokus

Најмалку по двајца работници месечно во Македонија го губат животот, поради непочитувањето на безбедносните стандарди. Според годишниот Извештај на Здружението за безбедност и здравје при работа, во 2017 година се случиле 158 несреќи на работно место, од кои 24 биле со фатални последици.

Според Годишниот извештај на Здружението за безбедност и здравје при работа, во споредба со 2016 година, минатата година имало повеќе несреќи на работното место и повеќе смртни случаи. Најголем број од несреќите биле забележани во Скопје и Куманово, додека најмногу смртни случаи имало во областа на домаќинството, земјоделството и градежништвото.

Иако, 28 април е познат и како Меѓународен ден за безбедност и здравје при работа, сепак токму во овој месец минатата година имало најмногу несреќи на работно место.

Поврзани новости