Пајет, амбасадор на САД во Грција: Направен е голем напредок во преговорите

by fokus

Веруваме дека е направен голем напредок во преговорите и се надеваме дека истиот ќе може да се задржи, но времето ќе покаже, вели американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајет. Во интервју за грчката агенција АНА-МПА, претставникот на САД во Атина вели дека ги поддржуваат преговорите и напорите да се најде заедничко прифатливо решение за двете земји.

Тој ги поттикнува министрите за надворешни но и премиерите на Македонија и Грција да ги вложат сите напори три деценискиот спор да добие своја разрешница.

„Ние силно веруваме дека е во интерес и на двете земји да го решат ова прашање, по толку долго време, а исто така, признаваме дека единствено одржливо решение ќе биде она што ќе го поддржат демократски избраните влади на двете земји“, тврди џефри Пајет, амбасадор на САД во Грција.

 

Поврзани новости