По барање на СЈО вечерва е приведен Љупчо Палевски. Како што дознава „Фокус“, Специјалното обвинителство води предистражна постапка за Палевски кој е поранешен функционер на СДСМ, односно екс претседател на градската организација на социјалдемократите, пред повеќе од една деценија.
Од МВР за „Фокус“ потврдија дека лицето Љ.П. вечерва е задржно во полициска станица по барање на Специјалното јавно обвинителство. Оттаму додават дека не можат да споделат повеќе информации бидејќи во моментот се води предистражна постапка.
Неофицијално, постапката е отворена за објавување на прислушуваните разговори на Јутјуб. Драган Павловиќ-Латас беше помеѓу оние кои во СЈО пријавија вакви злоупотреби.
Палевски во последно време се појавуваше на медиумите блиски до поранешната власт.