Плоштадот „Филип Македонски“ во Автокоманда е следен на списокот на Финансова

by fokus

Следна истрага која треба да биде извршена по што се очекува кривична пријава, е за плоштадот „Филип Македонски“ во скопската населба Автокоманда, дознава „Фактор“.

Под истрага во овој случај е идејното решение за коњаникот и фонтаната, кои се преплатени.

Само за „цртежот“, според сознанијата на „Фактор“ биле платени 300.000 евра, додека целокупниот проект чинел околу 1.500.000 евра. Во тек се уште неколку други истраги кои се пред финализирање.

Идејно решение за коњаникот и за фонтана со придружни фигури, вклучуваат и фонтана и постамент што е исполнет со релјефи.

Сите скулптури се дело на Валентина Каранфилова – Стевановска, а споменикот беше поставен на 21 јуни 2011 година.

Поврзани новости