Наумовски: Да не ни ги потрошеа парите на „Скопје 2014“ ќе имавме трамвај, тунели и нова зоолошка

by fokus

Несудениот трамвај, кој со години беше проект во најава, а која идеја по повеќе обиди беше напуштена, кој требаше да го реши сообраќајното прашање и метежот во јавниот превоз, ќе ги чинеше скопјани само 1/5 од проектот „Скопје 2014“, вели шефот на кабинет на Петре Шилегов и некогашен активист на Плоштад Слобода, Никола Наумовски.

„Со само дел од парите пренаменети од СК2014, до почетокот на учебната година секое средно школо во Скопје ќе има енергетски ефикасна фасада, прозори, кров, нови тоалети, пристапни рампи и тоалети за хендикепирани.

Со само едно зрно од песокот на СК2014!

Замислете што све ќе имавме да не ни ги потрошија сите тие пари, простор и време! Трамвајот (би чинел 1/5 од СК2014), тунелите, мостовите, дорегулирањето на кејот на Вардар, нова зоолошка, нова ботаничка градина, целосно нови комунални возила… све, све и пак немаше толку да кошта!“, напиша Наумовски откако Финансова полиција објави малверзации од 433.000 евра при изградба на мостот Око направени од поранешниот градоначалик на Центар, Владимир Тодоровиќ.

Тодоровиќ ги вратил парите, но тоа не го амнестира од одговорност, рече директорот на Финансова. Против него е поднесена кривична пријава.

Поврзани новости