Плацеви на Водно: Вештаците не утврдиле уплати од Груевски

by fokus

Со изведување материјални докази од одбраната – стручен наод и мислење од вешто лице Кире Костов, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно”.

Предмет на анализа била документацијата прибавена од Јавното обвинителство по пат на меѓународна правна помош – договори за трансфер на сопственост и банкарски сметки и парични текови на фирмата „Сирах лимитед” од Белизе.

-Мојата констатација кај уплатите е дека парите се уплатени од повеќе правни субјекти, помеѓу кои нема уплати од резидент на Северна Македонија. Сите уплатувачи се од други земји. Во делот на исплатата, констатирав дека постои исплата на правен субјект, резидент на Северна Македонија-Сирах инжинеринг, изјави вештакот Костов.

На прашање од одбраната, дали во овој период е констатирана уплата од Никола Груевски или правен субјект поврзан со тоа лице, сведокот рече дека не констатирал уплата од физичко лице Никола Груевски на сметката на оваа фирма.

– Од документите не констатирав уплата од правен субјект, резидент на Република Македонија. Сакам да појаснам дека сопственоста на фирмите не беше предмет на мое вештачење и немав доставено докази и од тие причини не можам да одговорам на делот од прашањето дали лицето Никола Груевски на било кој начин е поврзан со фирмите, изјави вештото лице Костов.

Поврзани новости