Плаче цела нација: Почина кралот на Тајланд

by fokus

На 88 годишна возраст, почина монархот на Тајланд, Бумибол Адулиаде, кој на кралскиот трон беше 70 години. Во последни години од владеењето тој беше со влошена здравствена состојба, а во неделата, палатата соопшти дека здравјето на кралот е сериозно нарушено и неговата состојба е нестабилна.

tajland1

По оваа вест, илјадници граѓани облечени во розево се собраа пред болницата каде што беше сместен за да се молат за неговото здравје.

Бумибол Адулиаде важеше за исклучително почитувана личност во земјата и се сметаше за фактор на стабилност во земјата со исклучителна политичка нестабилност и повеќекратни државни удари.

Поврзани новости