Нобелова награда за легендарниот Боб Дилан

by fokus

Познатиот американски музичар и поет, Боб Дилан е добитник на годинашната Нобелова награда за литература.

Рок легендата ја доби наградата за „создавање нова поетска експресија во големата американска музичка традиција“, соопшти Шведската академија.

Од академијата велат дека Дилан снимил голем број на песни за луѓето, политиката и религијата, а неговите стихови постојано се објавуваат како поезија.

Наградата ќе му биде врачена заедно со носителите на останатите пет награди, на 10 декември, годишнината од смртта на основачот на наградата Алфред Нобел кој починал во 1896 година.

Седумдесет и петгодишниот пејач и текстописец, роден како Роберт Ален Зимерман ја започнал кариерата во 1959 година со изведби во кафетерија во Минесота. Некои од неговите песни станаа симбол на борбата против виетнамската војна и движењето за човекови права.

Поврзани новости