Протест на студентите од ЈИЕ, не сакаат универзитетот „Мајка Тереза“ да биде во нивниот објект

by fokus

Студентите од Универзитот на Југоисточна Европа денеска излегоа на протест против тоа студентите на новиот универзитет „Мајка Тереза“ да учат во нивниот објект.

Тие велат дека со спојувањето на универзитетите се врши дискриминација по финансиска основа. Според студентите кои протестираа, мора да се заштити автономијата на нивниот универзитет.

Новиот универзитет „Мајка Тереза“ нема свој објект и ќе функционира во објектот на Универзитот на Југоисточна Европа. Уписот на студентите се уште трае.

Поврзани новости