Пилотите кои ги донесоа загинатите, им оддадоа почит на семејствата

by Fokus

Четворица пилоти од двата воени авиони, кои денеска пристигнаа од Бугарија на скопскиот аеродром за да ги пренесат жртвите од страшната несреќа која се случи на автопатот „Струма“, им оддадоа почит на семејствата на загинатите.

На загинатите почит може да им оддадат и граѓаните на плоштадот „Скендербег“ во Скопје каде се поставени венци.

Сообраќајната несреќа во која загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени се случи на на 23 ноември, на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул.

Поврзани новости