PEUGEOT ДИЗАЈНИРАШЕ ТРИ НОВИ БЕЗВРЕМЕНСКИ ЧАСОВНИЦИ

by fokus

PEUGEOT ги продава часовниците „Armand, SINCE 1810“ за своите фанови. Тие претставуваат елегантен начин да и оддадат почит на историјата на брендот. PEUGEOT Design Lab целосно го дизајнираше есклузивниот надворешен изглед, осигурувајќи врвен квалитет.

Секој детаљ на овие часовници е прецизнo изработен, како што е името на PEUGEOT врежано на задниот дел од часовникот, ремчето oд плетен метал или ремчето од порабена кожа. Часовниците „SINCE 1810“ ја комплетираат истоимената колекција.

Тие се достапни од денес на онлајн продавницата https://boutique.peugeot.com, за цена од 129€ со вклучено ДДВ и 149€ со вклучено ДДВ.

Љубителите на историјата на PEUGEOT ќе можат со гордост да ги носат овие стилски часовници, со нивниот современ сив ламиниран или црн бројчаник со печат „PEUGEOT SINCE 1810“. Безвременски делови каде главна улога имаат трите стрелки (показалки) и индикаторот за датум. Кожното ремче или ремчето од плетен метал го даваат последниот шмек на елеганцијата.
Сигурни и робусни, тие имаат кварцно движење и се отпорни на вода до 50 метри. Овие часовници го носат името „Аrmand“, како почит кон основачот на индустриската автомобилска авантура на PEUGEOT.

Дизајнерите на PEUGEOT DESIGN Lab ги дизајнираа часовниците „SINCE 1810“ по точно поставени стандарди. Нивната плоча комбинира сензуални облини, полирани површини и вдлабнати страни, што е одраз на стилот на најновите автомобили на PEUGEOT. Квалитетот на лакот на куќиштето и задниот дел на часовникот му дава дополнителен шмек, наследен од искуството на PEUGEOT во областа со работењето со челик. Копчето за обележување време е потпишано со „PEUGEOT“, а на задниот дел од часовникот е врежано „PEUGEOT“ или „PEUGEOT LEGEND“.

Овие нови часовници „Armand, SINCE 1810“ се достапни на онлајн продавницата https://boutique.peugeot.com. Тие ја комплетираат колекцијата облека, стил и сервисот за јадење, славејќи ја 210-годишнината од постоењето на PEUGEOT.

ПР

Поврзани новости