Шекеринска: За нас, 2020-та беше година на НАТО

by Fokus 12:20
12:20

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска учествуваше на редовниот годишен видеосостанок со одбранбените аташеи акредитирани во нашата земја. На состанокот министерката Шекеринска се осврна на изминатата година и на достигнувањата во одбраната и во Армијата.

-Иако 2020 беше година на коронавирусот за нас и нашата земја беше и година на НАТО. Остваривме повеќедецениска заложба да влеземе во Алијансата и ми причинува големо задоволство што држиме прв состанок со аташеата како 30. членка на НАТО, рече министерката.

- Advertisements -

Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, истакна дека членството во НАТО на нашата земја значи инвестиција во иднината и во безбедноста на граѓаните и чест за Армијата.

-Нашата Армија веќе не е само Армија на Северна Македонија туку е и НАТО Армија. Со влезот во НАТО ги прифативме и стандардите и критериумите за Армијата и за растот на буџетот во одбраната со што овозможивме изминатата 2020 да биде и година на опремување и модернизација на Армијата и подобрување на условите за функционирање, подвлече Шекеринска.

Осврнувајќи се на придонесот во меѓународните мисии, министерката посочи дека остануваме во мисијата во Авганистан и дека се вршат подготовки за испраќање на еден медицински тим во соработка со Кралството Норвешка кој ќе биде стациониран во Кабул од идната пролет до септември.

-Даваме придонес и во регионалната безбедност со упатувањето на 44 наши војници и офицери во мисијата КФОР на Косово. Оваа мисија планираме да ја зголемиме на 180 војници. Присутни сме и во Централно Африканската Република со двајца офицери, а продолжуваме да даваме придонес и во мисииите АЛТЕА и УНИФИЛ, истакна министерката Шекеринска.

Поврзани новости