Две лица починаа, уште четири слободни кревети во Ковид Центарот во Кавадарци

by Fokus

Во Ковид Центарот во кавадаречката болница хоспитализирани се 56 пациенти, а слободни се четири кревети, информираат од болницата. Исто така, известуваат дека двајца пациенти починале во изминатите 24 часа.

Станува збор за 74-годишен маж од Велес, кој живеел во Неготино, и за 83-годишна жена од Росоман, која имала сериозни коморбидитети.

Според вчерашните податоци од МЗ, во Кавадарци се активни 637 случаи, а во Неготино 371. Од почетокот на пандемијата 2.515 лица од Тиквешко се инфицираа со корона вирус.

Вики Клинчарова

Поврзани новости