Петровска: Груевски нема да влезе во затвор

by irena 13:10
13:10

„Никола Груевски, нема да влезе во затвор, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и работи веќе неколку месеци наназад да ги поништи сите одлуки или сите обвиненија кои на кој било начин може да му наштетат. “, порача пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисија на ТВ 24.

Петровска оцени дека постои јасна политичка позадина во изјавите на власта во однос на евентуалното враќање на Груевски

„Изјавата на премиерот дека, доколку Груевски се врати, ќе биде веднаш спроведен во затвор, е порака ’не се враќај‘, барем сè додека теренот не е спремен за твое враќање како слободен граѓанин“, рече Петровска.

Петровска зборуваше и за политичките случувања во Унгарија, падот на режимот на Орбан, што отвора сериозни прашања кај нас, имајќи ги предвид блиските односи на Унгарија со претходните политики на ВМРО-ОКГ.

„Во периодот што следи ќе се отворат многу работи кои се поврзани и со ВМРО и со актуелната влада“, потенцираше Петровска.

Слични вести