Петнаесет години од масакрот кај Карпалак

by fokus

Македонија ја одбележа годишнината од смртта на десетте бранители, кои загинаа во месноста Карпалак, по нападот на армискиот конвој за време на кризата во 2001- та година.

Пред малата спомен плоча на банкината на Автопатот Скопје-Тетово денеска беа одбележани 15 години од масакрот на прилепските бранители.

На настанот беа присутни претставници на здруженијата на бранители, од семејствата на загинатите, од повеќе други здруженија, претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Делегацијата на Министерството за одбрана ја предводеше министерот Зоран Јолевски, а на генералштабот на АРМ, генерал Димче Петрески.

Јолевски не сакаше да зборува на денешното чевствување кај Карпалак, а немаше ниту говори на поставената бина.

Единствено Ацо Јовановски-Реган, возачот на автобусот кој беше нападнат во заседа, со солзи во очите зборуваше за неговите колеги, за кои порача дека не смеат да се заборават. Тој потенцираше и дека по петнаесет години, нема соодветно спомен обелејже во чест на загинатите македонски баранители.

Крвавиот масакр се случи на денешен ден во 2001 година, кога конвојот на АРМ беше нападнат од заседа, во која загинаа осум војници и двајца офицери.

Поврзани новости