Протест: По денот на жалост, доаѓа денот за одговорност!

by fokus

Иницијативата „Плоштад Слобода”  утре во 19 часот ќе излезе на протест пред седиштето на општината Град Скопје, кај бараките во Градскиот парк.

На социјалните мрежи тие повикуваат на протест за поддрша на жртвите и раселените од скопските поплави, но и на протест на кој што ќе се бара одговорност.

-По денот на жалост, доаѓа денот за одговорност! Собир на гневните и изневерени граѓани, во поддршка на жртвите и раселените од поплавите во Скопско, сите минати и идни жртви на човековата негрижа и неспособност да се справи со природните неприлики- стои во повикот за протестот.

Граѓаните ќе бараат одговорност за неодржувањето на системите, отсуството на работа на институциите должни да предвидат и превенираат катастрофи и непланското трошење на државните пари кои што одат на споменици, а не на инфраструктура.

Поврзани новости