УХРМ: Вакво невреме еднаш на илјада години

by fokus

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ) велат дека невремето што во саботата го зафати скопскиот регион, било со веројатност на појавување од 0,1 отсто или еднаш во илјада години.

-Она што треба да се нагласи е дека измерена екстремна количина на врнежи со петчасовно траење и интензитет од 51,71 секунди на хектар. На главната метеоролошка станица во Скопје, на Зајчев рид, е забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри што историски гледано е скоро двојно повеќе од досега измерените 49,2 милиметри во 1996 година- велат од УХМР.

На метеоролошката станица Скопје – Петровец, досега е измерен петчасовен интензитет од 55,5 милиметри во 1981 година.

Сепак, од УХМР не успеаја да го предвидат невремето. На социјалните мрежи се постираат видео снимки од последната временска прогноза, на која неколку часа пред смртоносната бура, УХМР не дава никакво предупредување за невремето што подоцна направи хаос во скопскиот регион и зеде 21 жртва.

Поврзани новости