Петмина полицајци денеска ќе даваат исказ на суд во случајот „Сопот“

by fokus

Со исказ на петмина полициски службеници денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Сопот“. Судењето почна од почеток минатиот месец, поради смена на судечкиот совет.

На претходните рочишта клучниот сведок на обвинението Бајрам Рамадани, тврдеше дека во 2003 година бил уценуван и измачуван од полицијата за да даде изјава со која не се согласува.

Шестмина од 10 обвинети во случајот се изјаснија дека го разбираат обвинението и оти остануваат на тоа што го кажале на претходните рочишта. На четворица од обвинети ќе им се суди во отсуство, бидејќи не се достапни на органите на прогонот.

Адвокатот Насер Рауфи се уште бара од Судот, како сведоци во овој судски процес да бидат повикани поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков и поранешната министерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска, затоа што нивните гласови се јавуваат во „бомбите“ поврзани со овој случај.

Случајот „Сопот” е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам.

Поврзани новости