Петличковски: Нашите истражувања покажаа дека нема вакциниран со Фајзер кој не создал антитела

by fokus

Директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека Институтот досега има напраено истражување, односно анализа на 250 здравствени работници кои биле факцинирани со вакцината Фајзер и резултатите се одлични.

-Кај сите 250 вакцинирани по првата доза е започнат процесот на создавање на имунитет, односно нема ниту еден кој не создал антитела по примање на првата доза.
Сите што се ја прележале болеста и потоа примиле една доза, има огромен скок на антителата и има истражувања кои укажуваат дека кај нив нема потреба од втора доза, бидејќи втората доза дополнително не би ги зголемила антителата, објасни Петличковски,

Поврзани новости