Петков: Со Ковачевски ќе работиме заедно на нов дијалог

by fokus

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе на Димитар Ковачевски стапувањето на должноста премиер на Северна Македонија и и посака успех на новата влада во Скопје.

Тој на својот официјален фејсбук профил напиша дека очекува да работат заедно на нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на билатерални односи, чиј развој е од голема корист за граѓаните на Бугарија и Северна Македонија.

Тој во интервју за новинската агенција МИА кое денеска беше објавено во пресрет на утрешната посета на Скопје изјави дека доаѓа веднаш по изборот на новата Влада на Димитар Ковачевски доаѓа во посета на земјава со цел да се воспостави постојана комункација и да се постигне напредок.

Според него, тежината на некои проблеми зависи од контекстот во кои се поставени и акосе постигне успех во точно дефинирање какви се тие проблеми и од каде доаѓаат, тогаш и нивните решенија стануваат полесни.

-Прашање е како тоа да се постигне на најдобриот можен начин. Мојот пристап е малку поразличен. Како што гледате јас чекам Димитар Ковачевски да влезе во својата нова улога и не се занимавам со друго ниту ден пред да дојдам во посета на Република Северна Македонија и тоа што јас доаѓам во посета кај него покажува две работи. Прво таков е редот, но второ од сега натаму, дијалогот, комуникацијата, поврзаноста не треба да биде толку фрагментирана. Ние треба постојано да комуницираме, да напредуваме.

Моите надежи се дека во следните месеци реално и тоа се обидувам да го договорам за време на нашата посета, кога ќе дојдам е да ги направиме тие пет работни групи – за економија, култура, инфраструктура, евроинтеграција и историја, изјави тој во интервјуто за МИА.

Поврзани новости