Пет обвинители од СЈО ќе му објаснуваат на Советот зошто се откажале од „Пуч“

by fokus

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски по средбата со обвинителката Катица Јанева соопшти дека наредната недела пет обвинители од СЈО  ќе се сретнат со  членовите на Советот на јавни обвинители и ќе ги образложат причините за откажувањето на ова јавно обвинителство од случајот „Пуч“.

-Кратко се видовме и се договаравме околу начинот на преземање на предметот „Пуч“ од страна на Советот на јавни обвинители, не за цел предмет туку оние работи кои нас ќе ни бидат потребни. Се договоривме идната недела да одржиме заедничка средба, со обвинителите од ова јавно обвинителство, пет на број и членовите на Советот за да се договориме околу натамошните чекори за разјаснување на овој случај, изјави Аневски.

По средбата, Јанева не даде изјава, само крато соопшти дека СЈО ќе соопшти повеќе информации за случајот следната недела.

Поврзани новости