Винарницата Сковин го одбележа празникот на лозарите

by fokus

Денес, Сковин ја одбележа старата лозарска традиција,празникот на лозарите Св. Трифун, со традиционално закројување на лозата.

Винаријата ја продолжува вековната традиција на производство на вино од Скопското виногорје,традиција која датира уште од древниот Рим.

Лозовите насади на Сковин се познати по тоа што даваат единствена арома на вината,одраз на остриот мраз и долгото суво сончево лето.Нивната уникатна локација на околу 600 метри надморска височина на јужните падини на Водно,во областа наречена Сончева долина а идеалниот спој на автохотни и меѓународни сорти овозможуваат вината на Сковин да добијат уникатен и впечатлив вкус .

По закројувањето, присутните гости имаа можност да ги дегустираат првите количини од новoта реколта на вина кои наскоро ќе бидат достапни на пазарот.

За присутните новинари, Тодор Сејзов, извршниот директор на Сковин, изјави:

„Св. Трифун е секогаш добра прилика заедно со лозарите и вработените да ја оцениме нашата работа во изминатата година.Растот на производството и НА извозот на вино е во постојан и со одличен нагорен тренд на наше големо задоволство, како и на задоволство на нашите соработници.Производство на нашите вина како што се Finest collection ,Barik-линијата и целиот асортиман за кои веруваме дека нема да ги остави рамнодушни сладокусците и љубителите на квалитетното македонско вино“.

Минатата година Сковин обработи 10.000.000 милиони килограми грозје, од кои произведе 8.000.000 милиони литри вино од кои 80% завршија на 18 светски пазари, од кои најмногу во Европската Унија, регионот и земјите на Далечниот Исток, како Русија и Јапонија што го прави Сковин значаен амбасадор на македонското вино, традиција и винарска култура во светот.

 

Поврзани новости