168
Гаранциите за безбедноста на Украина не можат да бидат обезбедени преку присуство на странски воени контингенти, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во соопштение објавено денеска.
„Може ли безбедноста на Украина да биде загарантирана од странски, особено европски и американски воени сили? Дефинитивно не“, порача Песков.
Тој додаде дека таквиот пристап „не може да биде прифатлива гаранција за безбедност“ за Русија.