Пентагон: Русија се повеќе напаѓа цивилни објекти

by fokus

Руската војска се повеќе напаѓа цивилни објекти во Украина, а во исто време опаѓа моралот на руските војници, изјави синоќа висок претставник на американската одбрана.

– Забележавме зголемување на нападите врз цивилна инфраструктура, цивилни цели“, изјави неименуваниот функционер, пренесува Хина. Во исто време, додаде тој, моралот меѓу руските војници во некои делови на фронтот опадна.

– Немаме увид во секоја единица и секоја локација. Но, сосема е сигурно дека откривме некои индикации дека моралот во некои единици не е висок, рече функционерот.

Исто така, важно е да се напомене дека руската војска размислува да донесе дополнителни залихи во Украина. Засега не е сигурно дека тоа се случува, но фактот дека тоа стана проблем е знак на загриженост за руската страна, истакна тој.

– Значи, по три недели, тие сè уште можат да ги задржат своите сили на теренот, но не без тешкотии. Веќе видовме како покануваат странски борци, што исто така беше интересен развој, рече претставникот не Пентагон.

Поврзани новости