Хан: Реално остварливо е Македонија да влезе во ЕУ во следните неколку години

by Фокус

Еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан смета дека е реално остварливо Северна Македонија да ѝ се приклучи на Европската Унија во следните неколку години, но дека е несериозно да се даде точен датум.

– Тоа што е јасно, тоа што сѐ уште е валидно, и ќе биде и во иднина, е дека целиот процес е заснован на заслуги. Тоа значи дека ако државата исполнува, треба да ги добие и заслугите за тоа. Затоа не чекаме сите да бидат подготвени за пристапување, туку ако некоја држава порано биде подготвена, тогаш така треба да биде.

Во случајот со Северна Македонија, таков е впечатокот кој го добив и по денешните дискусии, исто така и сите информации кои ги слушнав и прочитав, Северна Македонија постигнала прилично голем напредок на нејзиниот пат кон ЕУ. Затоа, мислам дека треба да бидеме оптимисти, мислам дека е реално остварливо Северна Македонија да ѝ се приклучи на Унијата во следните неколку години. Но, да се даде точен датум е несериозно – изјави Хан за Телма.

Поврзани новости