Пендаровски: Она што му се случи на нашиот Езџан Алиоски е недопустливо и за осуда

by fokus

Она што му се случи на нашиот Ezgjan Alioski е недопустливо и за осуда, напиша на својот фејсбук профил претседателот, Стево Пендаровски, по скандалот во Прилеп каде македонскиот репрезентативец не бил примен во ресторан, затоа што зборувал на албански јази.

„Разликите треба да не обединуваат, а не да разделуваат. Tака е во успесите, но и во неуспесите на секое поле. Јас сум убеден дека огромно мнозинство од нашите граѓани прават разлика само врз основа на тоа што е добро, а што лошо, а не врз основа на тоа кој јазик го зборуваме, како се молиме или како изгледаме. Јас сум уверен дека огромно мнозинство од нашите граѓани веруваат и се застапуваат за тоа дека секој треба да има еднакви можности во Република Северна Македонија, богатството на земјата е во мултикултурното општество кое го градиме сите.

Езџан Алиоски за македонската репрезентација до сега одиграл 28 натпревари во различни натпреварувања, зборувајќи го јазикот што најдобро го знае на терен со постигнати 5 голови и 6 асистенции, а ја претставува земјата во Шампионатот на Англија. Езџан продолжи да не’ радуваш со добрата и тимска игра, пример од кој учи целата држава“, напиша Пендаровски.

Поврзани новости