Пендаровски: Не знам кој нормален човек во овие траорни времиња размислува за власт, избори, мандат

by fokus

Не знам кој нормален човек, граѓанин на нашава Македонија или политичар, би можел во вакви траорни времиња низ кои поминуваме, да размислува за власт за избори за мандати, изјави претседателот, Стево Пендаровски по изјавата што ја даде претходно денеска која предизвика забуна во јавноста.

Не беше јасно дали тој кажа конечно „не“ за втор мандат или како што беше подоцна дообјаснето дека тоа ќе зависи од поддршката на граѓаните.

-Прашањето на вашата колешка беше дали размислувам за втор мандат. Јас кажав, не размислувам и право да ви кажам не знам кој нормален човек, граѓанин на нашава Македонија или политичар, би можел во вакви траорни времиња низ кои поминуваме да размислува за власт, за избори за мандати. Изборите се догодина закажани за април и за мај. Имаме доволно време, после Нова година да размислуваме за тие работи. Но во овој момент, моите мисли се насочени само кон семејствата на настраданите и се разбира во рамките на мојата функција да го изработам до крај мандатот во согласност со потребите на граѓаните, објасни Пендаровски.

Според ова што го кажа Пендаровски попладнево, тој се нема конечно откажано од втор мандат за претседател.

 

Поврзани новости