Пендаровски: Моралната одговорност е лично чувство, не може на никого да му сугерирате

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во 360 степени зборувајќи за моралната одговорност за случајот со пожарот во Тетово рече тоа е лично чувство, кое не може на никого да му го сугерирате.

-Од кривично-правен аспект ќе треба да заврши истрагата и да се види дали некој е виновен за пожарот во Тетово или станува збор за несреќен случај. Но, моралната одговорност е категорија во која човек од страна не може да ја сугерира, тоа е лично чувство. Тоа е чувство кое го имаш во себе, имаш некој праг по кој велиш ‘после ова јас не можам да бидам, раководител, директор, министер, претседател…’ и тука не може на никого да му сугерирате, тоа е лично чувство, вели Пендаровски.

Поврзани новости