Пендаровски: Мора да направиме се за Охрид да остане на листата на УНЕСКО

by fokus

Пртседателот Стево Пендаровски по средбата со членовите на македонската делегација која учествуваше на последната седница на Комитетот за светско наследство која се одржа во Баку, порача дека институциите мора да направат се за Охрид да остане на листата на УНЕСКО.

Тие го информирале во детали за одлуката на Комитетот, природното и културното наследство во Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, како и за акцискиот план за исполнување на препораките заклучно со 1-ви февруари 2020 година.

-УНЕСКО повторно ќе го разгледува случајот со Охридскиот регион на следната седница на Комитетот во јуни 2020. Нагласив дека сите заедно мора да направиме сè што е во нашата моќ да го зачуваме статусот на Охрид како град на УНЕСКО, македонско и светско природно и културно наследство. Мора да се преземат одлучни и конкретни чекори во справувањето со дивоградбите при констатирано прекршувања на Законот за градење, порача претседателот Пендаровски.

Поврзани новости