Пендаровски: Добив уверување од Ѓукановиќ дека поддршката од Црна Гора ќе продолжи во иднина

by fokus

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на денешната средба со неговиот црногорски колега, Мило Ѓукановиќ, порача дека односите помеѓу двете земји во иднина дополнително ќе зајакнуваат и поддршката продолжува и понатаму.

„Добив уверување од Ѓукановиќ дека поддршката ќе продолжи и во иднина. Се согласивме дека нема поголема сила од евроинтегративните процеси. Во оваа насока, Северна Македонија соработува и преку понудената помош, а пример за одличните односи е соработката во одбраната. Можам да заклучам дека Северна Македонија  и Црна Гора се цврсто убедени за интеграции, стабилност и добрите односи на двете држави се неопходни за економски развој. Северна Македонија и Црна Гора се пријателски и блиски земји и односите на двете земји ќе зајакнуваат“, истакна Пендаровски.

Поврзани новости