Ѓукановиќ смета дека Македонија ја научи лекцијата од минатото

by fokus

Северна Македонија го изгуби чекорот во минатото за евроинтеграциите, но сметам дека лекцијата е научена, порача црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ на денешната официјална посета во Скопје.

„Односите помеѓу Црна Гора и Македонија не се прекинати и имаме традиција на одлични односи. Нашите односи се пријателски, имаме меѓусебна поддршка и делиме заеднички цели. Важно е силно да ја поддржиме Северна Македонија. Сметаме дека тој пат е без алтернатива. Северна Македонија од познати причини го изгуби чекорот на патот на интеграциите, но сметам дека лекциите се научени, а постигнат е голем прогрес и напредок. Северна Македонија го обезбеди местото во НАТО алијансата. Сметаме дека не треба да има двоумења, затоа што мислиме дека е време за нова динамика во политиките на ЕУ“, рече Ѓукановиќ.

Поврзани новости