(Видео) Пендаровски, делегеции од Собранието и Владата му оддадоа почит на Гоце Делчев

by Fokus

Претседателот на државата Стево Пендаровски утрово положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Пендаровски му оддаде почит на Делчев по повод 152-годишнината од раѓањето.

Цвеќе положи и делегација на техничката Влада, предводена од првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.

Цвеќе положи и делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски. Во состав на делегацијата се Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска.

Почит на Делчев му одадоа и поранешниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на повеќе политички партии и граѓански здруженија.

Чествувањето почна со панихида со која чиноначалствуваше г.г. Стефан во сослужение на повеќемина свештенослужители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Поврзани новости