Пендаровски: Без да добијам комплетна информација, не можам да дадам своја квалификација за настанот во Синѓелиќ

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не може да даде коментар за синоќешните случувања во скопската населба Ченто каде полицискиот час беше прекршен од неколку стотини граѓаните со протест на улиците, бидејќи ги нема сите потребни информации, како и дека тоа е во надлежност на МВР.

-Денес ќе ги добијам тие информации бидејќи доцна во ноќта се завршуваа сите активности на МВР во тој дел. Меѓутоа без да добијам комплетна информација не можам да дадам своја квалификација. Очекувам таа работа, квалификацијата на настанот, дали евентуално ќе има мерки кон некои лица да ја дадат надлежните органи. Тоа е пред се Министерството за внатрешни работи, изјави Пендаровски на новинарско прашање по посетата на касарната во Тетово.

Поврзани новости