671
Македонскиот претседател Стево Пендаровски за црногорската државна телевизија изјави дека не е задоволен од брзината со која земјите од Западен Балкан се движат кон Европската унија. Според него, ЕУ мора да биде поагресивна во врска со прашањето на проширувањето.
-Се надевам дека ќе оди побрзо. Која е пораката за нас кои се уште не сме започнале да преговараме? Ако со Црна Гора се преговара седум години и се уште нема светлина на крајот од тунелот, тогаш што можам да им кажам на моите граѓани во Северна Македонија, колку долго тоа ќе трае кај нас?, 15 -20 години? – вели Пендаровски.